Де Брујне: Челси сега мора да биде перфектен, но во игра е уште еден тим…

Манчестер Сити стигна до преднсот од 13 бода во однос на второпласираниот Челси откако успеа да ги совлада „сините“ на „Етихад“ благодарние на фантастичниот гол на Кевин Де Брујне, кој одлично се ослободи во 70. минута од мечот и со прокетил ја затресе мрежата на Кепа Аризабалага.

По мечот белгискиот репрезентативец не го криеше задоволството од победата, но напомена дека работата не е завршена и во игра е уште еден тим, Ливерпул.

„Тоа беше многу важен натпревар. Челси дојде тука со план, дефанзивно беа цврсти, но одигравме и ние добар меч, а и знаевме колку оваа победа ќе ни помогне понатаму. Убаво е кога ќе дадете важен гол. Се ослободив од Нголо Канте на време, го погледнав просторот, нивните играчи се повлекуваа, а јас го најдов аголот и испадна совршено. Секогаш е тешко да играте против Челси, тие дефанзивно се сјајни па моравме да бидеме стрпливи“, изјави Де Брујне кој се осврна и кон зголемувањето на бодовната разлика

„Челси сега мора да биде перфектен, но уште еден тим е во игра. Така да мораме да ја одржиме формата и да размислуваме за следниот натпревар“

Се вчитува...