Де Брујне: Халанд може да стигне до 800 гола во кариерата

Фудбалерот на Манчестер Сити, Кевин де Брујне му предвидува одлична кариера на својот соиграч Ерлинг Халанд.

Норвежанецот во досегашниот дел од сезоната постигна 24 гола на 19 натпревари, а бидејќи неговата репрезентација не учествуваше на Мундијалот во топ форма го дочекува продолжението од сезоната.

„Ерлинг е опседнат со голови. Тој веќе има околу 200, па верувам дека може да достигне 600, 700 или дури 800 ако остане здрав и ги прави вистинските работи. Тој е напаѓач од врвна класа. Тој не се разликува од другите луѓе, фудбалерот е како сите други, но ништо не сфаќа премногу сериозно“, вели Де Брујне. 

Се вчитува...