Де Брујне ги нападна ФИФА и УЕФА: На нив им е само до парите!

Белгискиот репрезентативец и фудбалер на Манчестер сити, Кевин де Брујне го критикуваше календарот што го користат ФИФА и УЕФА.

Искусниот 33-годишен играч за врска се пожали на големиот број натпревари во текот на сезоната, како во клупскиот, така и во репрезентативниот фудбал.

„Сезоните се предолги. Можеби оваа сезона ќе помине добро, но календарот ќе стане уште потежок за следното Светско првенство во 2026 година. Некои синдикати на играчи се обидоа да најдат решенија, но ништо не се менува. На УЕФА и ФИФА не им е гајле. Тие се грижат само за парите!“, вели Кевин Де Брујне.

Се вчитува...