Манчестер сити стигна до голема победа на гостувањето кај Њукасл од 2-3 во последниот натпревар од денешната програма од 21. коло во англиската Премиерлига. Двата тима ни донесоа еден неверојатен натпревар со многу пресврти, во кој на крајот херој за гостите беше 20-годишниот Оскар Боб.
Иако Кевин де Брујне со гол и асистенција и младиот Боб кој го постигна токму победничкиот погодок беа херои на „граѓаните“, сепак првиот погодок на гостинскиот тим долго ќе се памети.
Неверојатниот Бернардо Силва постигна погодок за кој уште долго ќе се зборува.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА