Де Брујне и Халанд ја решија Жирона (ВИДЕО)

Манчестер Сити го одигра последниот пријателски натпревар пред продолжување на клупската сезона, која беше прекината поради Светското првенство во Катар. „Граѓаните“ во пријателски меч славеа над шпанската Жирона со 2-0.

Водство од 1-0 за премиерлигашот донесе Кевин де Брујне уште во 5. минута од натпреварот. До крајот на првиот дел веќе беше и 2-0 откако Ерлинг Халанд ја затресе мрежата на противникот во 18. минута.

Манчестер сити веќе в среда ги очекува натпреварот од Лига купот против Ливерпул.

 

Се вчитува...