Де Брујне избра: Нема да ја носи „десетката“ на Марадона во Наполи (ФОТО)

Белгискиот репрезентативец Кевин Де Брујне, без сомнение, е најголемото засилувања на Наполи за следната сезона.

На тренинзите по пристигнувањето во клубот се појави со опрема со бројот 10, па изненади многумина, и во италијанските медиуми, кои пренесоа дека ќе ја добие легендарната „десетка“ која беше повлечена во чест на Диего Армандо Марадона.

Но, Де Брујне сега го избра бројот кој ќе го носи во Наполи, а тоа, сепак, нема да биде „десетката“ туку дресот со број 11 со кој ќе настапува за Наполи во сезоната 2025/26.

Се вчитува...