Де Брујне останува во Премиерлигата: Чувствувам дека можам уште да играм на високо ниво

Кевин де Брујне се согласи преселба во друг премиерлигаш на крајот на сезоната. 33-годишниот Белгиец претходно најави дека на крајот од сезоната ќе го напушти Сити на слободен трансфер.
На одличниот фудбалер му беше соопштено дека нема да му биде продолжен договорот, и може да си замине. За него се интересираат клубови од Саудиска Арабија, но не ја исклучи можноста да остане во Англија.

„Не се чувствувам незгодно. Им реков на директорите на Сити дека чувствувам дека имам уште многу да работам. Знам дека веќе немам 25 години, но сè уште се чувствувам дека можам да ја работам својата работа. Отворен сум за се бидејќи морам да ја погледнам целата слика. Ги земам предвид спортските причини, семејството и сè друго  што има најмногу смисла за мене и моето семејство. Сè уште чувствувам дека можам да играм на добро ниво, но морам да донесам одлука кога ќе имам малку повеќе информации“, рече играчот од средниот ред на Сити, Де Брујне.

Се вчитува...