Манчестер сити убедливо со 1-3 славеше на гостувањето против Арсенал во дербито на Премиерлигата, сосема заслужено носејќи ги трите бода.
Но, мечот го одбележа, меѓу другото, и инцидентот меѓу Микел Артета и Кевин Де Брујне на стартот на второто полувреме. Фудбалерот на Сити тргна по топката, а Артета благо го удри со ногата што го налути Белгиецот кој „експлодираше“.
Де Брујне најпрво го оттурна тренерот на Арсенал а потоа му се закани со прст. Сето тоа како едвај да го чекаше Гранит Џака кој се наоѓаше во близина па веднаш тргна по Де Брујне, но за среќа се заврши без потежок инцидент.
WATCH AS KEVIN DE BRUYNE SHOVE & CLASH WITH MIKEL ARTETA AS TEMPER FLARES DURING ARSENAL VS MAN CITY.#AFC #mancity
— Korrectsports Tv ❤*⃣ (@KTSport19) February 16, 2023
Пеп Гвардиола својот клучен играч потоа го извади од игра во 87. минута, кој беше „поздравен“ со неколку фрлени шишиња од страна на навивачите на Арсенал.
Па, Де Брујне не им остана должен на фановите на Арсенал, па по мечот преку социјалните мрежи реши малку да се потсмева со нив.
„Сака ли некој пиво? Ви благодарам“.
Kevin De Bruyne on Instagram after Man City’s win against Arsenal 😅 pic.twitter.com/1TFUKNg2QD
— ESPN FC (@ESPNFC) February 15, 2023
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

