Де Брујне постигна гол па тешко се повреди (ВИДЕО)

Наполи поведе во 33. минута во дербито против Интер од 8. коло во Серија А. Голот го постигна Кевин де Брујне кој реализираше од белата точка, но веднаш мораше да биде заменет откако се пожали на повреда.

Со солзи во очите, Белгиецот се држеше за задната ложа наговестувајќи потешка повреда која може долго да го оддалечи од теренот.

Повеќе детали ќе бидат познати по деталните медицински прегледи.

Се вчитува...