Кевин Де Брујне не се најде на списокот за пријателските натпревари на Белгија против Ирска и Англија во март.
Селекторот на Белгија, Доменико Тедеско, истакна дека Де Брујне повторно има проблеми со повредата на препоните.
„Во последните неколку натпревари Кевин почувствува болка. Решивме дека е подобро да остане во Манчестер и да биде целосно подготвен за Европското првенство“, изјави Тедеско.
Ова веднаш го отвори прашањето дали брилијантниоат Белгиец ќе му биде на располагање на Пеп Гвардиола за претстојните натпревари. Манчестер Сити најпрвин во сабота ќе одигра натпревар од ФА Купот против Њукасл, а потоа на 31. март ќе го има можеби решавачкиот меч за титулата во англискиот шампионат против Арсенал.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА