Де Бур: Ќе ја победиме Македонија со 3-0, но добро би било да загубиме затоа што како втори добиваме полесен противник во осминафиналето

Селекторот на Холандија, Роланд Де Бур по вчерашното соопштување на скратениот список од 26 фудбалери за ЕВРО 2020, се одлучи и да ги прогнозори резултатите на неговата селекција на престојното европско првенство.

Де Бур нагласи дека би ги победиле сите селекции во групата, а Македонија со 3-0 во Амстердам, но дека би било подобро да загубат еден меч и да го освојат второто место кое би донело полесен противник во осминафиналето.

„Мислам дека осминафиналето ќе го обезбедиме уште по првите два меча, со победите против Украина од 3-1, и Австрија со 2-1. А, Македонија ќе ја победиме со 3-0! Но, можеби би било убаво да загубиме од Македонија затоа што ако сме први во групата не чека некој противник од онаа ‘група на смртта’ каде се Германија, Франција или Португалија. А, ако сте трети ќе добиете полесен противник, а мислам дека ако сме втори би било идеално“ – вели Де Бур.

Се вчитува...