Ајакс ја прифати понудата од Кристал Палас за Хаиро Ридевалд, 20-годишниот Холанѓанец се сели во Лондон за сума од 7.5 милиони фунти. Франк Де Бур се радува на повторна соработка со талентираниот дефанзивен фудбалер, кој му ги отвори вратите во првиот тим кога стратегот го водеше Ајакс.
По ангажманот на Рубен Лофтус Чик од Челси како позајмен играч, Кристал Палас продолжува со подмладување на тимот. За услугите на Ридевалд се интересираше и Евертон, но Де Бур има предност пред неговиот колега Куман.
Ридевалд еднакво добро игра и на задната везна линија, иако во изминатата сезона Питер Бош повеќе го користеше за одбрана. Клучна фигура одигра во походот кон финалето на Европа лигата, но таму Ајакс беше надигран од Манчестер јунајтед. Иако има 20 години, Ридевалд веќе дебитираше за сениорскиот национален тим на Холандија, одигра три натпревари.
Покрај Ридевалд, се очекува и ангажманот на Јеспер Силесен, вториот голман на Барселона, кој исто така е производ од академијата на Ајакс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА