Милан и Интер одиграа уште едно дерби за паметење откако вечерашниот дуел заврши без победник, 1-1 по голот што во судиското продолжение го постигна гостинскиот дефанзивец Стефан де Фрај. „Нероаѕурите“ претходно три пати ја погаѓаа рамката од голот на противникот, но Милан има за што да жали ако се знае дека домаќините до самиот финиш имаа водство и три бода, но на крајот мораа да се задоволат само со реми.
Нецел месец откако Консеисао го најде лекот за Интер во финалето од Суперкупот на Италија, португалскиот стратег беше многу блиску до нов триумф над актуелниот шампион на Италија. Рејндерс беше стрелец на водечкиот гол пред самиот крај од првото полувреме, откако Интер претходно имаше два поништени погодоци поради офсајд.
Избраниците на Симоне Инзаги се обидоа да стигнат до израмнување, но немаа ниту среќа ако се знае дека Дамфрис, Бисек и Турам од одлични позиции го погодија само дирекот од голот на Мењон. Интер не се предаде, па во 93. минута конечно успеа да стигне до израмнување, со голот на Де Фрај на асистенција на резервистот Жалевски, кој пред само неколку дена дојде меѓу „нероаѕурите“ од редовите на Рома.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА