Де Хеа ќе го менува повредениот Куртоа

Денеска од Шпанија стигна шокантна вест за сите симпатизери за Реал Мадрид. Првиот голман Тибо Куртоа ги скина лигаментите, и го чека пауза од 7-8 месеци. Затоа „кралевите“ веднаш треба да почнат потрага по нов чувар на мрежата.

Според шпанските медиуми, Давид Де Хеа е првиот „пик“ на Реал Мадрид за местото меѓу диреците на „Сантијаго Бернабе“. Де Геа во моментов е без ангажман откако после долги години си замина од Манчестер Јунајтед. Пред неколку години шпанскиот чувар на мрежата беше пред портите на Реал Мадрид, но трансферот пропадна буквално во последните минути од крајот на преодниот рок, па Де Хеа остана во Манчестер.

Кандидати за замена на повредениот Белгиец се уште и Јасин Боно од Севилја, како и поранешниот голман на „кралевите“, Кејлор Навас. Исто така се споменува и ветеранот Самир Ханданович кој исто така е без ангажман по заминувањето од Интер.

Пред неколку недели се појави информација дека Реал го сака Столе Димитриевски како замена за Куртоа, меѓутоа откако Андреј Лунин се реши да остане во Реал, пропадна можноста Македонецот да го облече дресот на „кралевите“.

Се вчитува...