„Де Геа ќе остане со нас и нас и следната сезона“

Шпанскиот голман Давид де Геа ќе биде дел од Фиорентина и во следната сезона, потврди претседателот на овој италијански клуб, Роко Комисо.

Во разговор за италијанските медиуми првиот човек на „виолетовите“ ги потврди гласините дека искусниот чувар на мрежата ќе биде зад стативите и во предизвиците кои следат во сезоната 2025/26.

„Тој ќе остане со нас и следната сезона“, кратко потврди Комисо.

Де Геа по речиси година дена пауза откако му истече договорот со Манчестер Јунајтед му се врати на фудбалот и веднаш ја докажа својата класа покажувајќи извонредна форма во настапите на Фиорентина.

Се вчитува...