Де Геа: Периодот во кој не играв фудбал ми беше најубав во животот

Шпанскиот голман Давид де Геа, вели дека уживал во годината кога не играл фудбал. Тој една година немаше клуб, а на почетокот на оваа сезона постигна договор со Фиорентина.

Шпанецот замина од Манчестер Јунајтед, а откако не најде клуб, беше без ангажман се до почетокот на оваа сезона, кога постигна едногодишна соработка со „виолетовите“.

„Сакав само да се смирам, откако играв толку многу години професионален фудбал. Тоа беше најдобриот период во мојот живот. Конечно, успеав да поминам време со семејството и пријателите што не сум ги видел многу во последните 15 години“, изјави Де Геа.

Се вчитува...