Давид де Геа по 14 месеци пауза, му се враќа на фудбалот и ќе брани за Фиорентина. Некогашниот шпански репрезентативец беше без клуб откако му заврши договорот со Манчестер Јунајтед, за конечно, по долго чекање да се врати меѓу диреците.
Де Геа беше поврзуван со неколку клубови од Италија, Англија, Шпанија, но не успеа да најде ангажман поради неговата висока плата. Кога се реши да ги намали барањата, веднаш беше ангажиран од Фиорентина.
Се очекува Де Геа да заработува 3 милиони евра годишно.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА