Давид де Хеа донесе одлука – нема намера да потпише нов договор со Манчестер Јунајтед и за тоа веќе ја известил управата на „црвените ѓаволи“. Но, сагата не завршува овде, бидејќи сега Шпанецот побарал од раководството на клубот да му исплати „бонус за лојалност“ во висина од 20 милиони фунти, за тој да си замине од „Олд Трафорд“.
Иронијата во ситуацијата е огромна, но Де Хеа маестрално ја користи ситуацијата која е во негова полза, може да остане уште една година и потоа како слободен играч да си наплати супер-богат договор со следниот клуб, или пак да си замине уште летово. Јунајтед мора да го продаде за да не се доведе во ситуација во 2020 година да остане и без врвен голман и без пари, но Де Хеа го користи тоа за да го наплати заминувањето од клубот.
Британските медиуми јавуваaт дека „ѓаволите“ се подготвени да го прифатат условот на Де Хеа, свесни дека во спротивно ќе имаат незадоволна „ѕвезда“ во тимот, а следното лето ќе останат и без него и без парите. Се очекува Јунајтед да заработи околу 60 милиони фунти од трансферот на Шпанецот (најзагреано делува ПСЖ), сума од која една третина ќе му биде исплатена на Де Хеа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА