Голманот Давид Де Хеа, без сомнение, е еден од најзаслужните за серијата од четири едноподруго победи на Фиорентина во Серија А која во моментов е на четвртата позиција на табелата.
Имаше Де Хеа извонредни одбрани и на синоќешниот дуел против Торино на кој Фиорентина славеше со 1-0, а спасувајќи го својот тим во последните минути. Во моментов е прв на листата по процент на успешни интервенции (82%), а има по 4,1 одбрани по натпревар. Де Хеа одбрани и два пенали, а три пати ја зачува мрежата во дресот на Фиорентина.
Интересно, Де Хеа беше ослободен од Манчестер јунајтед, како непотребен за тимот, па замина како слободен агент, по што сега во Фиорентина отворено ги демонстрира своите квалитети.
All in for the De Gea fine wine era 🍷 Look at the dusty ol’ gem from Spain. Top top class. 1-0 @ACFFiorentinaEN #GGMU pic.twitter.com/xtrUmBmZx3
— \W/ags (@superkeeper33) October 31, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА