Де Хеа ги намали барањата и потпишува во клуб од Серија „А“

Давид де Хеа мораше да ги намали своите желби за плата, за да потпише договор со некој клуб. Така Шпанецот во иднина ќе го брани голот на Фиорентина, за годишна плата од 3 милиони евра.

Де Хеа бараше плата од 5 милиони евра, но откако не успеа да најде ангажман, мораше да намали, и сега е блиску до потпис со Фиорентина.

Во минатото Шпанецот покрај Манчестер Јунајтед, настапуваше и во Атлетико Мадрид. Ако потпише, ова ќе му биде прв ангажман во Италија. Тој претходно имаше понуди и од Саудиска Арабија, но ја отфрли можноста да оди во оваа земја.

Се вчитува...