Де Хеа го доби признанието за играч на месецот – Шпанецот руши рекорди во Премиер-лигата

Голманот на Манчестер Јунајтед, Давид Де Хеа е првиот голман во последните шест месеци кој успеал да стигне до признанието за најдобар играч на месецот во Премиер-лигата.

Шпанскиот чувар на мрежата се врати во својата препознатлива форма и во моментов е најдобриот поединец во тимот предводен од Ралф Рангник.

Де Хеа на последните четири натпревари имал неверојатни 22 одбрани спречувајќи клубот од „Олд Трафорд“ да доживее невиден срам против Вулверхемптон, Астон Вила, Брентфорд и Вест Хем.

Последен пат некој голман да освоил награда за играч на месецот во Премиер лигата било во 2016 година кога тоа му успеало на Фрејзер Форстер од Саутемптон.

Овој факт не треба да ги радува многу навивачите на Манчестер Јунајтед затоа што е јасно дека кога голманот е најдобар поединец на теренот, нешто во тимот не оди како што треба.

 

 

 

Се вчитува...