Манчестер Јунајтед не игра баш најдобро оваа сезона, иако тоа се очекуваше по доаѓањето на нов тренер во клубот.
Сезоната не започна баш најдобро за овој тим, а веднаш на удар беа сите фудбалери, но и новиот тренер. Сепак, Тен Хaг побара трпение од навивачите по воведните натпревари, а Манчестер Јунајтед игра многу подобро во последно време. Ако се исклучи градското дерби против Манчестер Сити, во кое доживеа пораз кој сигурно го боли секој навивач на овој клуб, беа постигнати многу добри резултати.
Манчестер Јунајтед вчера успеа да оствари победа на секогаш тешкото и незгодно гостување кај Евертон и со тоа се доближи до борбата за Лигата на шампионите. Еден од најдобрите поединци во Манчестер Јунајтед оваа сезона е голманот на овој клуб Давид де Хеа кој брани одлично. Тој остана прв избор и по доаѓањето на новиот тренер, иако се шпекулираше за доаѓање на нов голман, а најгласно се споменуваше името на Облак од Атлетико Мадрид.
Де Хеа беше прашан каде сака да ја продолжи кариерата и дали размислува за тоа, а тој одговори многу директно.
„Нов договор? Секако дека сакам да бидам тука уште многу години, па ќе видиме што ќе се случи во иднина. Многу сум среќен во Манчестер Јунајтед”, изјави Де Хеа.
По ваквата изјава Шпанецот ја реши дилемата за неговото заминување од клубот, се разбира доколку се праша, а прашање е само дали Тен Хаг сака да го остави на позицијата прв голман на клубот.
David de Gea on his contract: “New contract? Of course, I would like to be here for more years, so we’ll see what happens in the future”, tells BT Sport. 🚨🇪🇸 #MUFC
“I’m really, really happy here at Man United”. pic.twitter.com/E4KQoEh6GA
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) October 10, 2022
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

