Де Хеа: Јасно ни е дека Скопје е ’жежок терен’ и дека ќе биде тешко против Македонија

Македонската фудбалска репрезентација вечерва (20.45 часот) ќе ја пречека Шпанија на „Филип Втори“ во квалификациски меч за СП 2018 во Русија. Ќе биде тоа вистински спектакл за македонските љубители на фудбалот, а истовремено и голем тест за избраниците на селекторот Игор Ангеловски. Но, ова е мошне значаен натпревар и за „црвената фурија“, која заедно со Италија, е во трка за првото место во групата.

Шпанците посакуваат три бода од Скопје, но јасно им е дека нема лесно да стигнат до нив. Го имаат и искуството на Италија, која се спаси од пораз, и дури во судиското продолжение стигна до триумф (2-3) против Македонија.

„Ова не е нималку лесен натпревар за нас, и ние му приоѓаме максимално сериозно. Македонија може да биде многу опасна, посебно на домашен терен. Јасно ни е дека Скопје е ’жежок терен’ и дека ќе ни биде тешко, но ние сме подготвени да одговориме на предизвикот. Сакаме да ги реализираме нашите цели, да го освоиме првото место во групата и да се пласираме на СП, а за тоа ни се потребни три бода од овој меч“, вели голманот на шпанската фудбалска селекција, Давид Де Хеа.

 

Се вчитува...