Де Хеа: Ми беше срам што бранам за Манчестер Јунајтед…

Давид де Хеа и во новата сезона ќе биде прв голман на Манчестер Јунајтед, откако ја доби ланската битка со Дин Хендерсон, па англискиот чувар на мрежата летово беше испратен на позајмица во Нотингем Форест. Шпанецот, кој е меѓу најплатените фудбалери во Премиер-лигата, бранеше во одлична форма во голем дел од ланските дуели, но не успеа да помогне Јунајтед да стигне до место кое води во Лигата на Шампионите.

Де Хеа во интервју за весникот „Гардијан“ отворено говореше за проблемите со кои се соочија „црвените ѓаволи“ во текот на минатата сезона, најслаба за клубот во последните триесетина години.

„Најискрено говорам кога велам дека мораме да бидеме многу подобри отколку минатата сезона. Беше страшно тешко, имаше моменти кога ми беше срам што бранам за Манчестер Јунајтед. Некои натпревари беа хаотични, мене лично тоа ме болеше, беше неприфатливо тим како Јунајтед да биде толку слаб на теренот. Сепак, некогаш мораш да паднеш на дното за да бидеш подобар. Треба да биде јасно, јас сум горд што сум овде. Самиот факт дека сум дел од Манчестер Јунајтед ми е поважен од било кој трофеј, но секако дека сакам да играме подобро и да освојуваме пехари заедно“, истакна Де Хеа.

Се вчитува...