Де Хеа не ни мрдна: „Бомба“ на Роналдо за водство на Јувентус

Јувентус поведе со 1-0 во второто полувреме против Манчестер јунајтед благодарение на Кристијано Роналдо, кој со прекрасен погодок ја затресе мрежата на својот поранешен клуб. Португалецот доби длабочинска топка зад противничката одбрана, покажувајќи ги своите голгетерски способности со фантастичен волеј по кој Давид де Хеа не ни мрдна, по што шпанскиот голман немоќно ја вадеше топката од својата мрежа.

Се вчитува...