Де Хеа не сака кај Роналдо, дали ќе замине кај Меси во САД?

Давид де Хеа е слободен играч веќе пет месеци, по истекот на договорот со Манчестер Јунајтед, а шпанскиот голман и покрај неколкуте понуди на маса се уште нема одлучено каде ќе ја продолжи кариерата.

Најбогатата понуда пристигна од Саудиска Арабија, и тоа од тимот на Ал Наср каде со успех настапува Кристијано Роналдо. Токму Португалецот сакаше да го доведе својот поранешен соиграч од Јунајтед во Ал Наср, а газдите на клубот подготвија понуда од фантастични 500.000 евра неделна плата за голманот. Сепак, Де Хеа ја одбил оваа понуда со јасна порака дека не е заинтересиран за преселба во Саудиска Арабија.

Тој има неколку опции за потпис во Шпанија, но искусниот чувар на мрежата се уште размислува околу опцијата за преселба во САД. Таму голем интерес за негов потпис покажува Интер Мајами, каде Де Хеа би настапувал заедно со Меси, Бускетс, Алба и најверојатно со Луис Суарез. Оваа опција изгледа интересно за екс-голманот на Јунајтед, кој најавил дека до крајот на годинава ќе пресече и ќе одлучи со кој клуб ќе потпише договор, со важност од најмалку 18 месеци.

Се вчитува...