Шпанскиот голман Давид де Хеа помина речиси цела сезона без ангажман откако му истече договорот со Манчестер Јунајтед во летото 2023 година пред да потпише за Фиорентина каде ја врати врвната форма.
Искусниот голман настапи на 28 натпревари за клубот од Фиренца оваа сезона во Серија А и десет пати ја сочува мрежата недопрена па се појавија гласини за можно враќање назад во Манчестер Јунајтед.
До истото сепак нема да дојде. Де Хеа е презадоволен во Фиорентина и ќе го продолжи договорот со „виолетовите“ до крајот на сезоната 2025/26.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА