Де Хеа: Некој фрлил клетва врз Манчестер Јунајтед, ова не е нормално…

Давид де Хеа нема одговор на прашањето што е проблемот со Манчестер Јунајтед, откако „црвените ѓаволи“ влегоа во нова серија слаби резултати.

Елиминацијата од ФА Купот од Мидлсброу се надоврза на слабите игри во последниот период, па Јунајтед е на добар пат да врзе пет години во низа без ниту еден освоен трофеј, откако овој тим триумфираше во Лигата на Европа во 2017 година.

„Луѓе кои ги познавам ме прашуваат што ни се случува, како може да сме во толкава криза и не знам што да им одговорам. Како некој да фрлил клетва врз Манчестер Јунајтед, ова не е нормално“, истакна Де Хеа.

Најтрофејниот англиски клуб потроши над милијарда фунти по заминувањето на Сер Алекс Фергусон, беа сменети бројни стратези, но ниту еден од нив не успеа да ја најде победничкаста формула.

„Со играчите што ги имаме, со квалитетот што го поседуваме, мораме да се бориме за многу повеќе трофеи, за големи трофеи. Зошто тоа не се случува, мислам дека никој го нема одговорот“, вели шпанскиот голман.

Се вчитува...