Де Хеа: Неприфатливо е, не само натпреварот, целава сезона

Давид Де Хеа признава дека изданијата на Манчестер Јунајтед сезонава се неприфатливи. Тимот од „Олд Трафорд“ загуби од Њукасл и врза три премиерлигашки порази во серија. На прашањето, што треба Јунајтед да поправи, Де Хеа вели „се“.

„Мора многу да се трудиме и да се обидуваме. Ове е веројатно најлошиот период од кога сум тука. Им се извинувам на фановите. Ќе продолжиме да се бориме“ – вели Де Хеа.

Манчестер Јунајтед падна на 12.позиција на табелата со само два бода повеќе од клубовите во зоната на испаѓање. По репрезентативната пауза, Јунајтед оди во дербито со лидерот Ливерпул од кој бодовно заостанува цели 15 бода.

 

 

 

Се вчитува...