Де Хеа од „али-експрес“ – Голманот на Арсими е победникот на денот (ВИДЕО)

Арсими успеа да обезбеди историски пласман во Втората македонска фудбалска лига откако во баражот славеше со 4-1 против Овче Поле

Сепак и покрај победата, потегот на мечот го имаше голманот на Арсими. Тој сакаше да го глуми Мануел Нојер, па направи грешка по која Овче Поле поведе со 0-1. За негова среќа овој гол не значеше ништо бидејќи неговите соиграчи до крајот стигнаа до лесен триумф од 1-4.

 

Се вчитува...