Давид де Хеа кој своевремено важеше за еден од најдобрите голмани е без ангажман 12 месеци откако му истече договорот со Манчестер Јунајтед во 2023 година. Шпанскиот голман се поврзуваше со премин во разни првенства, но до официјализирање на соработка не дојде.
Интересно, англиските медиуми откриваат дека 33-годишникот имал шанса ова лето да се врати назад на „Олд Трафорд“, но ја одбил можноста откако клубот му го продолжи договорот на Ерик тен Хаг. Шпанецот нема намера повторно да игра под палката на холандскиот стратег кој воедно беше причината зашто тој не доби нов договор.
Де Хеа помина 12 години во Манчестер Јунајтед настапувајќи на 545 натпревари од кои 190 завршија без гол во неговата мрежа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА