Шпанскиот голман Давид Де Хеа, и покрај тоа што од медиумите веќе беше „преселен“ од Јунајтед, сепак останува и натаму во Манчестер. Според последните информации тој деновиве ќе потпише нов договор со „црвените ѓаволи“.
Како што пренесуваат англиските медиуми, веќе е познато дека ќе има нов договор за останување на Де Хеа на „Олд трафорд“ вреден дури 400.000 фунти неделно. Сето тоа навестува дека шпанскиот голман уште долго ќе биде меѓу диреците во Јунајтед.
Актуелниот договор на Де Хеа е до јуни 2020 година. Претходно сакаше да замине поради Жозе Мурињо, но со заминувањето на Португалецот нештата се променија и Де Хеа се предомислил.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА