Жозе Мурињо важи за извонреден дефанзивен стратег, Давид де Хеа за фантастичен голман, но двајцата вечерва се наоѓаат пред огромен предизвик – да ја прекинат одличната серија на Реал Мадрид кога станува збор за тресење на противничките мрежи.
Имено, фудбалерите на „кралскиот клуб“ постигнаа најмалку по еден погодок на последните 65 средби во рамките од сите натпреварувања, уривајќи го рекордот на Баерн Минхен од периодот од 2013 до 2014 година. Серијата на избраниците на Зидан почна со победата од 0-1 на „Аноета“ против Реал Сосиедад, по што Реал постигна минимум по еден гол и на следните 64 средби.
Во овој период најтрофејниот вропски клуб постигна дури 181 гол, во пет различни натпреварувања (112 во Примера, 38 во ЛШ, 22 во Копа дел реј, шест на клупскиот мундијал и три на претходниот Суперкуп на Европа против Севилја).
Од овие 181 погодоци, сосема очекувано најмногу постигнал Роналдо (46), пред Карим Бензема со 20 погодоци.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА