Сагата околу судбината на Давид Де Хеа е при крај. Извесно е дека тој ќе потпише повеќегодишен догвор по завршувањето на претсезонската турнеја на Манчестер Јунајтед. Догворот ќе биде до 2025 година, а Шапнецот ќе добива по 375 000 фунти неделно. Де Хеа веќе отворено зборува за очекувањата во клубот.
„Бев капитен на неколку натпревари и се разбира дека е невројатно да се биде капитен на клуб како Манчестер Јунајтед. Затоа навистина би бил пресреќен да бидам капитен. ова ќе биде мојата деветта сезона и јас сум еден од најискусните играчи. Тоа мора да го покажам на теренот и да се обидам да им помогнам на малдите што значи да се биде дел до Манчестер Јунајтед“ – изјави Де Хеа.
28-годишниот голаман признава дека минатата сезона не беше најдобра за клубот, но и за него особено на крајот од шампионатот кога направи неколку грешки по што дури и менаџрот Оле Гунар Солскјер беше под притисок да го изостави од тимот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА