Де Хеа себе се гледа само во еден клуб

По слабите резултати на Манчестер јунајтед на стартот на новата година, повторно почнаа шпекулации дека голманот Давид де Хеа би можел да го напушти „Олд трафорд“.

Шпанскиот голман во изјава за медиумите ги отрфли сите шпекулации велејќи дека себе се гледа само во англискиот гигант и во ниту еден друг клуб во светот.

„Се чувствувам како да сум роден во Манчестер. Не се гледам во ниту еден друг клуб во светот. Ова е мојот дом, каде што секогаш ме чекаат и ме сакаат“, изјави Де Хеа. 

„Црвените-ѓаволи“ утре ги чека првиот натпревар од осминафиналната фаза во Лигата на шампионите против шпанскиот Атлетико Мадрид.

Се вчитува...