Давид де Хеа потпиша нов мега-договор со Манчестер Јунајтед, но шпанскиот голман реши и да инвестира во фудбалот во татковината, и тоа во клубот Елче, за кој настапуваше како дете. Одличниот чувар на мрежата беше дел од младите категории во Елче, поседува и сезонска карта за домашните средби на овој клуб, но очигледно му пречи неамбициозноста на актуелната управа, која е задоволна со пласман на средината на табелата во втората лига.
Токму поради ова Де Хеа почнал преговори за да го купи Елче, најавувајќи план со кој тимот наскоро би се борел за влез во елитното друштво. Агентот на голманот, Кристијан Брагарник, ја доставил и првата понуда, во износ од 18 милиони евра, на која актуелниот претседател на клубот се уште не дал одговор.
Оваа сума не е преголем проблем за Де Хеа, кој со новиот договор потпишан со Манчестер Јунајтед ќе заработува над 20 милиони евра по сезона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА