Де Хеа заминува од Манчестер Јунајтед?!

Манчестер Јунајтед се подготвува за живот без Давид де Хеа, откако управата на „црвените ѓаволи“ реши да не му понуди нов договор на 32-годишниот шпански чувар на мрежата. Актуелниот договор на Де Хеа истекува на крајот од сезонава, клубот има можност еднострано да активира клаузула за уште една година, но клупските директори не го сторија тоа, иако се решија на таков потег со Рашфорд и Далот.

Де Хеа по заминувањето на Роналдо е најплатен фудбалер во екипата на Манчестер Јунајтед, а Тен Хаг не е убеден дека Шпанецот заслужува да се најде на оваа ранг-листа. Згора на тоа, Хендерсон брани во топ-форма на позајмица во Нотингем Форест и се очекува следното лето да се врати на „Олд Трафорд“, а Јунајтед паралелно со тоа ги следи настапите на Кошта од Порто и на Зомер од Борусија Менхенгладбах.

Де Хеа е член на Манчестер Јунајтед од 2011 година, кога за 25 милиони евра пристигна од Атлетико Мадрид. Тој извесно време беше вбројуван меѓу најдобрите голмани во Европа, во тој период сериозен интерес покажуваше и Реал Мадрид, по што Јунајтед му понуди огромна плата за да го задржи на „Олд Трафорд“. Формата на Шпанецот во последните сезони многу често осцилираше, што е причина Тен Хаг да се ослободи од уште еден ветеран и да сврти нов лист и кога станува збор за голманската позиција кај „црвените ѓаволи“.

Се вчитува...