Младиот холандски фудбалер Френки Де Јонг пристигна од Ајакс во Барселона за 75 милиони евра, веднаш изборувајќи се кај Ернесто Валверде за место во првиот тим.
Холанѓанецот не крие дека Барселона секогаш била негова прва желба, иако открива дека за малку ќе завршел и на друго место…
„Првпат за интерес од Барселона слушнав летото 2018 година. Сепак, заклучивме дека најдобро е уште една година да играм во Ајакс, а освен тоа и клубот не сакаше да ме продаде. Во секој случај бев навистина горд поради интересот, и сето тоа многу ми годеше. Мора да признам дека ако Барселона не беше упорна со сериозна понуда, тогаш ќе завршев во ПСЖ или Манчестер сити кои исто така инсистираа. Но, ја одбрав Барселона поради стилот на игра, нивното мислење за мене и плановите кои ги имаа за мене“ – вели Де Јонг.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА