Барселона плати почетни 80 милиони евра за Френки де Јонг, од кого се очекува многу во дресот на каталонскиот гигант почнувајќи од наредната сезона. Со оглед на фактот дека во завршна фаза е и договорот со Рабио, јасно е дека конкуренцијата во средниот ред на Барса ќе биде огромна, па некој од актуелните играчи ќе мора да си замине.
Како што стојат работите во моментов, тоа ќе биде Иван Ракитиќ, на чиј трансфер Барса ќе може добро да заработи. Хрватскиот ас и минатото лето беше поврзуван со ПСЖ, каталонците решија да го задржат, но ситуацијата во меѓувреме е променета. Ракитиќ следното лето ќе има наполнето 31 година, што воедно ќе биде и последна шанса за Барса добро да го наплати неговото заминување, за сума од над 50 милиони евра.
Покрај ПСЖ интерес за овој фудбалер покажуваше и Јувентус, а не се исклучува ниту можноста за понуда од Интер, со што „нероаѕурите“ би се обиделе да го обединат тандемот Модриќ – Ракитиќ кој функционираше беспрекорно за хрватската репрезентација на СП 2018 во Русија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА