Де Јонг го напушти кампот на репрезентацијата на Холандија

Френки де Јонг се повреди во репрезентацијата на Холандија, и мораше веднаш да го напушти кампот на националниот тим и да се врати во Барселона. 

28-годишниот играч од средниот ред беше заменет во 83-тата минута од натпреварот против Полска во квалификациите за Светското првенство 2026 (1:1) поради непријатност во глутеалниот мускул. 

Холандската федерација објави дека играчит нема да учествува на натпреварот со Литванија во квалификациите за СП. И покрај тоа, Холанѓаните важат за големи фаворити.

Се вчитува...