Де Јонг го олади Манчестер Јунајтед: Јас веќе играм за најдобриот клуб во светот

Франки де Јонг останува главна желба на Тен Хаг за ремонт на средниот ред на Манчестер Јунајтед, но холандскиот интернационалец го „олади“ својот поранешен тренер од Ајакс изјавувајќи дека е среќен во Барселона. Де Јонг беше во главна улога во триумфот на Холандија над Велс во Лигата на Нации, по што одличниот плејмејкер изјави дека би сакал да остане на „Камп Ноу“.

Манчестер Јунајтед веќе почна неформални разговори со Барселона на оваа тема, каталонскиот гигант би можел да го продаде Де Јонг доколку добие интересна понуда, но проблем претставува фактот што Холанѓанецот не сака да се пресели во тимот што не се натпреварува во Лигата на Шампиоинте.

„Секогаш е убаво чувството кога европски гигант ќе се интересира за вашите услуги. Сепак, јас веќе играм за најдобриот клуб на светот и не сум заинтересиран за трансфер. Знам дека има многу гласини, но не се случува ништо конкретно“, изјави Де Јонг.

Се вчитува...