Де Јонг има еден услов за да се пресели на „Олд Трафорд“

Френки де Јонг е подготвен да се пресели во Манчестер Јунајтед, но само под еден услов – доколку Барселона му ги исплати сите пари што му ги должи по намалувањето на платите за претходните две сезони, во услови на пандемија од коронавирус.

Барса веќе ја прифати понудата на „црвените ѓаволи“ во висина од почетни 75 милиони евра, плус дополнителни 10 милиони врзани со неколку лесно остварливи клаузули. Сепак, проблем претставува инсистирањето на самиот фудбалер да остане во Барселона, истовремено и неприфаќањето на Де Јонг доколку остане на „Камп Ноу“, тоа да не биде со намалена плата во однос на сегашната.

Холандските медиуми тврдат дека не станува збор за инает, туку за принцип на Де Јонг – кој сака да биде платен колку што заслужува и каталонскиот гигант да не му остане должен. Активностите на Барса во овој преоден рок и потписите со Рафиња и (најавеното) со Левандовски се знак дека каталонците ја надминале големата финансиска криза, па екс-фудбалерот на Ајакс си ги бара парите што му се должат, сума што според непотврдените информации ја надминува границата од 20 милиони евра.

Доколку тие пари не му бидат исплатени, тој ќе остане во Барса според актуелниот договор што го има потпишано, дури и по цена да не биде стартер кај тренерот Чави.

Се вчитува...