Шпанската јавност бурно реагираше откако УЕФА го одобри планот на Ла Лига за одигрување на лигашки натпревар во САД, по што сега е и официјало – Вилјареал на 20 декември ќе ја пречека Барселона на стадионот во Мајами.
Двата клуба добро ќе заработат, истото се однесува и на Ла Лига, но и во таборот на Барселона има противници на оваа идеја. Френки де Јонг е првиот кој отворено проговори на темата, признавајќи дека останатите тимови имаат право да се жалат на „повластен третман“ за Бсрселона.
„Не ми се допаѓа идејата што ќе играме во Мајами, воопшто не се согласувам со идејата. Не е праведно кон самото натпреварување, ние наш гостински натпревар да играме на неутрален терен… воопшто не ми се допаѓа, мислам дека не е ни добро за самите играчи што долго ќе патуваат пред и по натпреварот. Сепак, никој не ги слуша фудбалерите, никој не се грижи… Се ми е јасно, клубовите ќе бидат платени за овој натпревар, но исто така ми е јасно зошто останатите тимови се револтирани. Ако јас се прашував никогаш не би играле меч од шпанското првенство надвор од Шпанија“, изјави Де Јонг.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

