Младиот холандски фудбалер Френки де Јонг изјави дека се радува за тоа што потпиша договор со Барселона, велејќи дека посебна чест ќе биде тоа што ќе настапува заедно со неговиот идол Лионел Меси.
„Како дете сонував да играм за Барселона. Среќен сум што ќе имам можност да играм со Меси, кој ми е идол од детството. Мојот идол сега ќе биде мој соиграч, чувството е неверојатно“, изјави Де Јонг.
Во текот на денот се очекува еден од најталентираните млади фудбалери на денешницата да биде претставен на „Камп ноу“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА