Френки Де Јонг одлучи да проговори за шпекулациите кои се појавија во медиумите за неговата плата во каталонскиот гигант, при што кажа дека се води „црна“ кампања против него.
„Дејли Мејл“ објави дека екс-претседател на Барселона, Жозеп Марија Бартомеу му понудил на Де Јонг повеќе од 400.000 евра неделно, односно дека Холанѓанецот би заработил 20 милиони евра оваа сезона, а би добил 25 милиони од следната сезона.
„Имаше многу лаги за мојата плата. Ја намалував платата секоја година. Голем број луѓе не го разбираат тоа, но бројките кои се појавуваат во медиумите се лажни“, вели Де Јонг.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

