Играчот на Аталанта, Шарл Кетелар не се согласува со одлуката на судијата да досуди пенал во дуелот со Бриж, кој италијанскиот тим го загуби со 2-1 во последните мигови од мечот.
Во 91. минута од средбата, судијата Халил Мелер досуди пенал, сметајќи дека дефанзивецот на Аталанта направил прекршок, откако двајцата фудбалери се бореа за топката, а потоа играчот на Аталанта замавна и го поткачи по лицето Нилсон.
„Бев далеку, но судијата беше многу арогантен. Ако прашање 100 луѓе, ниту еден од нив нема да ви каже дека тоа е пенал. Вака стекант пораз боли. Не е фер“, рече Де Кетелар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА