Дојде во Италија како еден од најголемите таленти на Белгија, меѓутоа Шарл Де Кетелар никако не може да влезе во гол форма. Од Милан замина во Аталанта за да ги подобри своите перформанси, а вчера на натпреварот против Верона во Серија А го промаши неверојатното.
Белгиецот по една нафрлена топка требаше само да ја спроведе топката во голот, но наместо тоа се случи најголемото промашување во досегашниот тек на Серија „А“, а можеби и промашување на сезоната.
Соиграчите на Аталанта, како и играчите на Верона не можеа да веруваат што с случи.
Промашувањето на Де Кетелар може да го погледнете ТУКА.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА