ЦСКА Москва во иста мера му возврати на Фенербахче за поразот на домашен терен во првиот дел од сезонава, триумфирајќи на гостувањето во Истанбул со минимални 79-81. Нандо де Коло беше стрелец на поените за победа, со самиот звук на сирената, за целосен реванш кон актуелниот европски првак, кој во Москва славеше со поените во последната секунда на Мели.
Фенер одлично го отвори мечот и поведе со 17-9, но ЦСКА одговори со иста мера, па рускиот првак во втората четвртина имаше и осум поени предност (26-34). На полувреме се замина со водство на гостите од 40-44, а со серии на двата тима се продолжи и во преостанатите 20 минути. Финишот беше максимално интересен, ЦСКА имаше „плус шест“ на помалку од две минути до крајот, но избраниците на Обрадовиќ реализираа во клучните моменти и со слободните фрлања на Слукас стигнаа до израмнување од 79-79. Последниот напад го имаше гостинскиот тим, а одговорноста ја презеде Нандо де Коло, кој со прецизен удар ја замолкна преполната арена во Истанбул.
Воронцевич неочекувано беше најефикасен кај ЦСКА со 17 поени (5/5 за тројка), пред Хигинс и Хајнс со по 15 и Де Коло со 13 поени. Кај Фенербахче најдобри стрелци во вечерашниот пораз беа Мели со 18 и Весели со 13 поени.
NANDO DE COLO FOR THE WIN pic.twitter.com/5aZRI5bQRX
— Eurohoops.net (@Eurohoopsnet) March 16, 2018
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА