Де ла Фуенте бара тројно повисока плата за да продолжи да биде селектор

Новиот претсдател на шпанската фудбалска федерација Рафаел Лосон, доби одобрение од одборот на директор да започне преговори со селекторот Луис Де ла Фуенте за нов договор.

Актуелниот договор на тренерот истекува на крајот од следното Светско првенство 2026 година, а намерата е да се продолжи на уште две години, односно до 2028 година, после одличниот настап на Европското првенство и освојувањето на титулата. Самиот селектор веќе го изрази своето незадоволство од условите на договорот.

Барањата на Де ла Фуенте може да се покажат како проблем. Според информациите од Шпанија, Де ла Фуенте побарал годишна плата од три милиони евра, што е за три пати поголема од сегашната која изнесува 1 милион евра. Актуелниот шпански селектор ќе добие договор на двојно повисока плата, но прашање е дали ќе ја прифати понудата.

Се вчитува...