Селекторот на Шпанија – Луис де ла Фуенте, зборуваше по победата на тимот предводен од него со 2:1 против составот на Франција .
Тој беше исклучително задоволен за успехот на неговиот тим, споделувајќи ја својата радост особено поради влијанието врз последната линија на младиот Ламин Јамал .
„Се запрашав дали на 63 години можам да мислам на повлијателен играч во историјата на фудбалот од 16-годишниот Ламин Јамал. Треба да му помогнеме да остане приземјен и да се претстави најдобро што може. Ни треба мир. Во антички Рим, кога зборувале за Цезар, луѓето велеле: „Запомнете, тој е смртен“. Но, исто така морам да имам верба во оваа група играчи. Тие секогаш работат добро. Тие секогаш се посветени на работниот процес. Горд сум што можам да ги водам овие играчи“, изјави Де ла Фуенте.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА